Годишнината од блаженото упокојување на поранешниот Митрополит Европски Горазд

На 23.12.2021 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Заупокоена Архијерејска Литургија, по повод годишнината од блаженото упокојување на поранешниот Митрополит Европски Горазд. На Литургијата, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од Скопската и Струмичката епархија. На Литургијата присуствуваа и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. По Светата Литургија, се отслужи Панихида, а потем г. Јаков, отслужи молитвен Помен и на гробот на Митрополитот Горазд, во манастирот „Св. пророк Илија“ – Чардак, Скопска Црна Гора.