Hеделата на Раслабениот
07.05.2023 Во неделата на Раслабениот, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи света Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.На литургијата сослужуваше архимандрит Васијан (Змеев) настојателот на Подворјето на Руската Православна Црква во Софија и свештеници од Скопската епархија при МПЦ-ОА.На литургијата молитвено присуствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.