Хиротонија на избраниот и наречен високодостоен архимандрит Пајсиј
На 22.9.2024 г. Неговата Светост Патријархот Српски г. г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архијерејска Литургија во Спомен-храмот ,,Свети Сава" во Белград. На Литургијата беше извршена Хиротонија на избраниот и наречен високодостоен архимандрит Пајсиј, кој ја доби титулата викарен Епископ Диоклијски-викар на Црногорско-приморскиот митрополит.
Покрај многубројните архијереи од СПЦ,РПЦ,ГПЦ,БПЦ,а по благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на литургиското торжество сослужуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф-МПЦ-ОА.
Повеќе за веста можете да најдете на официјалниот сајт на СПЦ: spc.rs .