Христос се роди

07.01.2022 Христос се роди - Божик. Во соборниот храм прес.Богородица-Гостивар света литургија богослужеше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското намесништво.Верниот народ се причести со светите тајни.На литургијата беше прочитано и Божиќното послание од архиепископот г.г Стефан.По литургијата беше благословена и традиционалната братско-сестринска трпеза на љубовта.За најмладите кои беа присутни беа поделени новогодишни подароци и пакетчиња.