КОНКУРС
К О Н К У Р С
за прием на ученици во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за учебната 2024/25 г.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да имаат завршено основно образование.
- да имаат основно познавање на Православието.
- да се телесно и душевно здрави.
- да не се постари од 18 години.
- да не се женети.
Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и литература и испит по пеење.
Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќебиде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 9-то одделение.
Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење намузичката скала и песни.
Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит инема да бидат рангирани.
Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот архиереј до Управата на богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 19.06.2024 г. ( среда ), со почеток од 09:00ч.
По потреба, ќе се спроведе и втор приемен испит кон крајот на јуни. Кандидатите треба да гиприложат следните документи.
- свидетелство за свето крштение;
- свидетелства од 5-то до 9-то одделение;
- благослов од надлежниот архиереј;
- уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;
- лекарска потврда;
- писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во богословијата и обврска од нивдека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци доколку ученикот не е стипендист.
За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на богословијата, најдоцна до денот пред полагањето на приемниот испит.
Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија. Упис на вонредни ученицине се одобрува.
Од управата на Богословијата