ЛИТУРГИСКИ СОБОР ЗА СОБОРОТ
Годинава се навршуваат 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи. По тој повод денес, 31.5.2025 г., денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, во археолошкиот локалитет Стоби се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј. Среде многубројниот верен народ дојден од сите краишта на Македонија, на Литургијата присуствуваа и поранешниот претседател г. Ѓорге Иванов, министерот за Култура и туризам г. Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска и претставници на локалните власти.
Prevzemeno od: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sobor-za-soborot-2025-2/