Манастирска слава во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновската обител
На 25. 12. 2018 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, Архимандритот на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во К. Паланка отец Григориј и свештеници од МПЦ - ОА, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија,
одража пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб. На Светата Литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Драган Анастасов. За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.
prevzemeno od http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/82-2010-01-15-21-45/2010-01-15-21-513/1239-2018-12-25-13-55-32