Недела 3 – та на Воскресение (на Мироносици)

На 12.05.2019 година, Недела 3 – та на Воскресение (на Мироносици), св. Василиј Острошки, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.