Недела на светите праотци

26.12.2021 Недела на светите праотци во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово, надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф чиноначалствуваше на светата литургија во сослужение на митрополитот Европски г.Пимен. Во својата беседа митрополитот г Јосиф меѓудругото за неделата посветена на светите праотци истакна: Денес, во оваа како и во наредната недела, ние литургиски си спомнуваме за сите старозаветни праведници што го очекувале доаѓањето на Спасителот во светот, почнувајќи од првосоздадениот Адам, па сè до Св. Јован Крстител. Тука спаѓаат, секако, и прародителите Христови, односно оние луѓе од чијшто род произлегла и Пресветата Богородица, од Која, пак, Божјото Слово зеде тело во последните времиња.Имајќи го нивниот пример да оставиме и ние зад нас секакво маловерие и храбро да поитаме по патот што нѐ води кон Христа, нашата вечна веселба и радост.