Одбележан споменот на св. Екатерина с.Стенче-Тетово

07.12.2021 Во храмот св.Екатерина с.Стенче-Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши благословување на кумските лебови и освети вода. Во оваа прилика митрополитот г. Јосиф во својата беседа меѓу другото рече: Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд мачена и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се чуваат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Сите вие кои го носите нејзиното име и славите слава денеска нека ви биде благословена славата а Св. Екатерина нека биде ваша молитвеничка и застапничка пред Бога.