Петровден во храмот св. Петка во с. Беловиште -Тетовско

12.07.2021 На празникот Петровден во храмот св.Петка во с.Беловиште -Тетовско, неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија. По литургијата беа благословени славските лебови, по што митрополитот се обрати кон верниот народ со пригодна беседа говорејки за светите Апостоли Петар и Павле за нивните ликови и нивните дела кои ги исправа пред нас овие духовни горостаси, кои најмногу од сите се потрудиле во евангелското благовестие.И ние денеска, кои го прославуваме нивниот свет спомен, да им се обратиме со искрена молитва, Тие да ја умножат нашата вера и Бог да ни даде разум духовен Христов, за да може секој еден од нас да види, дека сме повикани да Му служиме на Господа Исуса Христа и на Неговата света Црква.