Покровот на Мајката Божја
На 14.10.2025 г., кога го празнуваме Покровот на Мајката Божја, Пресвета Богородица Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Ѓорги Сламков, протоереј Жарко Мицковски, протоереј Александар Стојановски, ереј Зоран Ставревски и ѓаконот Илија Деспотовски отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“- Лешок. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.