Празнична вечерна богослужба во Мала Речица - Тетово

06.01.2024 Во манастирот св. Георѓи Победоносец, Мала Речица - Тетово,Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше празнична вечерна богослужба. По вечерната богослужба се изврши благословување на бадниковото дрво и кумскиот леб. Црковниот одбор со кумовите при манастирот за сите присутни верници приредија свечена трпеза на љубовта.