Преображение

19.08.2021 На празникот Преображение, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света Литургија во храмот св.Димитриј - с.Теарце, во сослужение на парохискиот свештеник Илија Сламков и ѓакон Илија Деспотовски. По завршувањето на Литургијата, според црковната традиција, беше осветен годинешниот лозов плод, а потоа Митрополитот г. Јосиф кон верниот народ се обрати со пригодна беседа говорејки за значењето на празникот.