Преп. Наум Охридски

На 03.07.2018 година, кога Светата црква го празнува споменот на  Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеа света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. На литургијата присуствуваа : директорот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски и генералот Павле Арсовски командант на полкот за специјални операции. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Литургијата беше збогатена со прекрасното пеење на женскиот градски хор „Менада“ од Тетово, под диригенство на маестро Ивица Зориќ. На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата можете во целост да ја прочитате тука....