Промоција на документарниот филм ,,Тајните на Полошкиот Ерусалим"

26. 12.2021 Во Културно-духовниот центар Кирил Пејчиновиќ при Лешочкиот манастир се одржа првото емитување и промоција на документарниот филм ,,Тајните на Полошкиот Ерусалим" кој со многу труд и љубов го сними  здружението за култура, уметност и негување на културни вредности Скардус АрМакедон - Тетово.На промоцијата присуствува митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,Митрополитот Европски г.Пимен, директорот на комисијата за верски прашања г. Даријан Сотировски, пратеникот од собранието на РМ г. Александар Велјановски, г д-р Бранислав Светозаревиќ и др.