Рождество на Пресвета Богородица

21.09.2021 На празникот Рождество на Пресвета Богородица, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф присуствуваше на света литургија во манастирската црква посветена на прес.Богородица од 14 век при Лешочкиот манастир. Своја беседа изрече митрополитот г.Јосиф кој говореше за денешниот празник: Прославувајќи го нејзиното рождество, да не заборавиме дека света Богородица со нејзините подвизи и послушност на волјата Божја ги надминува сите небесни ангелски сили. Нејзината сила и моќ е неопходно потребна на сиот човечки род. Таа има сила и можност да се застапува за нас и да ги принесува сите наши молби и прозби кои ги упатуваме кон Севишниот Бог. Да се помолиме таа да се застапи за исполнување на нашите молби, и тоа на оние кои вистински ни се потребни и не водат кон спасение.
По литургијата надлежниот митрополит со парохискиот свештеник ги  благослови и прережа кумските лебови.