„Рождество на Пресвета Богородица“ – Мала Богородица
На 21.09.2018 година, „Рождество на Пресвета Богородица“ – Мала Богородица, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво Протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги благослови празничните лебови.