Рождество на св. Јован Крстител – Иванден
На 07.07.2018 година, Рождество на св. Јован Крстител – Иванден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот г, Јосиф, ги благослови кумските лебови. По литургијата во Гостиварското намесништво Митрополитот г.Јосиф го прими Министерот за внатрешни работи г.Оливер Спасовски кој во оваа прилика го честита денешниот празник св.Јован-Иванден.