Рождеството на Господ Исус Христос – Божик

На 07.01.2019 година, кога црквата го слави Рождеството на Господ Исус Христос – Божик, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Василиева литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургиојата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот г. Јосиф ги благослови кумските лебови. На литуиргијата покрај многубројниот верен народ присуствуваа и заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Р.М. г. Оливер Спасовски, директорот на комисијата за Верски прашања и религиозни групи г. Даријан Сотироски, како и пратеници од собранието на Р. М. По литургијата од страна на иницијативниот одбор и кумовите беше приредена трпеза на љубовта за сите присатни. ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!