Собор на Пресвета Богородица

08.01.2024 На втор ден Божик, кога се чествува и Собор на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештенство од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот св.Димитриј-Тетово.Пo завршувањето нa Литургијата, Митрoпoлитoт г.Јосиф се oбрaти кoн верниците сo пригoднa беседa на која меѓу другото истакна:Денес е празник на Божјата љубов кон нас, грешните луѓе. Денес се роди Божјата Правда на Земјата. Денес, Бог се јави во тело. Денес се исполни она за кое пророците пророкуваа, кон кое праотците се стремеа и за кое праведниците и грешниците чезнееа.Словото Плот постана, односно, Второто Лице на Света Троица, Исус Христос постана Човек. Денес го прославуваме раѓањето на Господа Исуса Христа во тело.Навистина голема е тајната на побожноста. Недостижна за човечкиот ум, за да може да ја разбере големата тајна на Божјото вооплотување. За истата, во една црковна песна се вели: Тајна страна и преславна. Таа е недостижна и за ангелите, а камоли за човечкиот ум.Колку е убаво и трогателно опишано ова збиднување во Кондакот на денешниот празник: Дева денес Го раѓа Оној што од секогаш постоел и земјата на Недостапниот пештера Му принесува. Се поставува прашањето, зошто Господ Исус Христос толку се понижил и се родил во пештера? Зошто допуштил да биде повиен во прости пелени и да биде положен во овчарски јасли? Со силните и со богатите многумина би сакале да се дружат и да ги следат. Ако Христос се родеше во царски дворови, многумина ќе појдеа по Него. Но, Он се раѓа како најбеден. Затоа, ќе претрпи казни и неправди и ќе биде суден, тепан и распнат. Но, Неговата наука е вистинска. Целокупната големина на Божјата благост, милост и љубов кон грешниот човечки род е собрана во бедната овчарска пештера. Од неа изгреало Сонцето на Правдата. Од неа ќе засветат зраците на Божјата љубов.Бог, според Неговата големата милост и љубов кон нас грешните луѓе, ја пројавува таа тајна на верата. И ние да ги следиме Витлеемските пастири и Источните мудреци. Да Му се поклониме на Христа Овоплотениот. Да ги отвориме нашите срца и души па да може Младенецот Господ Исус Христос да се роди во нас.