СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Тетовско-гостиварската православна епархија изразува огромно сочуство до семејствата на починатите во страшната трагедија.

По тој повод, утре 15. 02. 2019 година кога Светата Православна црква го празнува празникот Сретение Господово во храмот „Света Петка “ во Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското намесништво ќе отслужи Света Божествена литургија со почеток од 8 часот.

Апелираме свое учество на Литургијата да земат што повеќе верници, со цел соборно да се помолиме за душите на нашите упокоени браќа и сестри!

“Ако некој од нас сака да ја покаже својата љубов кон преминатите и вистински да им помогне, најдобро тоа може да го направи така што ќе се моли за нив, особено ако ги даде нивните имиња да се спомнуваат на Литургија, кога се одвојуваат честици за живите и за мртвите и се ставаат во Крвта Господова со зборовите: “Измиј ги Господи гревовите на овде споменатите со Твојата Пречиста Крв, по молитвите на Твоите Светии“. Ништо повеќе и подобро не можеме да направиме ние за мртвите од тоа да се молиме за нив, спомнувајќи ги на Литургија. Тоа им е секогаш неопходно, а особено во оние четириесет денови во кои душата на преминатиот го минува својот пат до вечните населби. Тогаш телото ништо не чувствува, не ги гледа ближните кои се собрале, не му мириса благиот мирис на цвеќето ниту ги слуша надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите што се упатуваат за неа, и благодарна им е и духовно блиска на оние кои се молат за неа“. Свети Јован Шангајски.

 Од Канцеларијата на Тетовско-гостиварската православна епархија