Сретение во соборниот храм пресвета Богородица

15.02.2022 На празникот Сретение во соборниот храм пресвета Богородица - Гостивар митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. На литургијата верниот народ се причести со светите тајни. Во својата беседа покрај другото митрополитот нагласи: Затоа мили мои, овој наш празник да не биде само едно сеќавање на еден настан од минатото, туку тој настан да ни биде инспирација и потсетник дека и ние постојано треба да се трудиме и да се среќаваме со Христа Бога. Затоа ова Сретение уште во овој миг да го направиме и наше сретение со Бога, бидејќи тоа ни ја носи вистинската среќа. Овој празник неизбежно не мотивира да позборуваме малку повеќе за вистинската среќа, бидејќи етимолошки гледано, во словенските јазици зборот среќа произлегува од глаголот „среќавам“. Сретение, срешта, среќа! Среќата всушност е средбата. А вистинската среќа е самото сретението, средбата и среќавањето со Бога.