Св. Антониј Велики
30.01.2022 Недела 32 по Педесетница - Св. Антониј Велики и св.цар Теодосиј Велики, во соборниот храм св. Кирил и Методиј -Тетово Света Литургија богослужеше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф.Верниот народ се причести со светите тајни. На литургијата беседеше митрополитот г.Јосиф кој меѓу другото нагласи: Колку е страшно некој да е телесно слеп, да не ја гледа сончевата светлина, но колку е пострашно некој да е духовно слеп, бидејќи телесно слепиот е свесен за своето слепило и се смирува, а духовно слепиот не само што не е свесен за своето слепило, туку сметајќи ги другите за слепи, ги осудува како виновни за својата состојба. Да се поучиме од денешното св. Евангелие, па и ние да отфрлиме од нашите срца и души секакви лоши мисли и постапки. А преку тоа, да направиме достојно место во нашите срца, да може и кај нас да влезе Господ Христос. Да престојува со нас, да нè осветли и просвети, да живееме со Него и во Него, со вера и правда изразена преку правење добродетели. Па така, да спечалиме милост Божја и да го наследиме ветеното царство, сега и во сета вечност. Амин!