СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
На 8.12.2024 година, кога Македонската Православна Црква го чествува својот патрон – светиот Климент Охридски, во големата сала при Музејот на македонската борба за самостојност, во бројно присуство на угледни гости, беше одржана свечена духовна академија.
На истата свои обраќања имаа: Претседателката на Република Македонија – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова; Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, како и Продеканот на ПБФ „Свети Климент Охридски“ во Скопје – проф. д-р Виктор Недески.
Свеченоста беше проследена и со прекрасните изведби на хорот „Свети Климент Охридски“, како и на Архиепископскиот брас квартет.