Света литургија во спомен на свети Кирил Лешочки

На ден 25. 03. 2023 година кога го празнуваме СВ. КИРИЛ ЛЕШОЧКИ во Лешочкиот манастир, Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, на Митрополитот Европски г. Пимен и на Епископот г. Јаков Стобиски, отслужи Света литургија. На Светата литургија присуствуваше директорот на Комисијата за верски прашања м-р Даријан Сотировски, градоначалникот на општина Јагуновце г. Димитар Костадиноски, деканот на Православниот богословски фалкутет проф. д-р Ѓоко Ѓоргески,пратеници од  македонското собрание и многубројен народ кој дојде да оддаде почит на нивниот молитвен заштитник на Полошкиот регион. Верниот народ се причести со светите тајни. По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.