Светиот великомаченик Димитриј Солунски  – Митровден

На 08.11.2018 година, кога Црквата го прославува светиот великомаченик Димитриј Солунски  – Митровден, Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и архимандрит Патениј и свештеници од епархијата богослужија Света Златоустова литургија во храмот „Св. Димитриј“ – с. Теарце – Тетовско. На литургијата покрај  многуброен верен народ присуствуваа и градоначалникот на Општина Теарце г. Исен Асани, директорот на Комисијата за верски односи и религиозни групи г. Даријан Сотироски и г. Лазар Ѓорѓески советник во Општина Теарце. По литургијата беше благословен кумскиот леб и црковниот одбор приреди трпеза на љубовта. На покана на градоначалникот на Општина Теарце архиепископот г.г. Стефан оствари средба во општината. Градоначалникот го запозна со функционирањето и со прекрасниот соживот во Општина Теарце.