Светлата ноќ на Воскресението Христово
24.04.2022 во Светлата ноќ на Воскресението Христово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,по извршената литија околу соборениот храм во сослужение на протоереите:Предраг Исаевски, Маријанчо Мадевски,и ѓаконот Илија Деспотовски отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во соборниот храм Свети Кирил и Методиј.-Тетово. Христос Воскресе è веста од која треперат херувимите и серафимите.
Таа е единствената вест која го победи злото во светот, гревот и смртта. Христос Воскресе, се единствените зборови што носат надеж и радост во најголемата тага во сеопштата криза, т.е. опомена за нашата гревовност.
Секое човечко срце нека се радува и торжествува за големиот Ден на Христовата Пасха, за победата на животот над смртта! Адот е сотрен, смртта е победена, вечните врати се пробиени и ширум отворени!ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!