Св.Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

На 8- ми декември 2018 година, во 27-та Недела по Педесетница, на празникот на  св.Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во соборниот храмот на светителот, во Скопје, беше отслужена Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.  На Архиепископот му сослужуваа митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  митрополитот Повардарски г. Агатангел, митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Полјански г. Јаков заедно со многубројно свештенство и ѓаконство.