Св.Три Ерарси

12.02.2022 На празникот  Св.Три Ерарси, во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со светите тајни. Со свое слово-беседа се обрати митрополитот г.Јосиф кој нагласи: Секогаш кога ќе се јави поделба помеѓу нас – не треба да забораваме дека Христос е нашиот Бог и дека пред Него сите сме исти, без разлика на нашата дејност или професија, без разлика на нашата политичка определба, на социјалниот статус, без разлика на нашите духовници, сето тоа е неважно и не треба да допринесува за поделби, туку треба да води кон единство на сите кон Бога, пред кого „последните ќе бидат први, а првите последни“ (Матеј 20,16).