"ТЕХО 2018"

Во сабота 16 јуни во Соборниот храм св.Кирил и Методиј Тетово се одржа меѓународниот хорски фестивал на православна духовна музика "ТЕХО 2018". На фестивалот оваа година земаа учество: Градски женски младински хор "Менада-Тетово", Нишки камерен хор Ниш-Србија, Женски младински хор "МКЦ"-Скопје, Академски машки хор "Гусла" Софија-Бугарија, Камерен хор "Херувими" Скопје, Вокален ансамбл "Мелизма" Скопје, Мешан камерен хор "Рождество на Пресвета Богородица" Скопје, Мешан хор "Св.Петка" Прилеп, Градски мешан хор "Гортинија" Гевгелија. На свеченото отварање поздравен говор имаа претседателот на Хорскиот фестивал проф.д-р Ивица Зориќ и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. Говорот на митрополитот Јосиф може да го прочитате тука...