Успението на Богородица
27.08.2021 - Успението на Богородица, беше свечено и торжествено прославено и оваа година во Лешочкиот манастир. Празнувањата започнаа во вечерните часови на 27 август, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски,ереј Илија Сламков,ереј Велјанчо Огненовски и ѓакон Илија Деспотовски.По завршувањето на Вечерната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица ,а верниот народ се поклони и оддаде почит на Богомајката.По вечерната богослужба надлежниот митрополит г Јосиф се обрати со пригодна беседа говорејки дека
денеска севкупниот свет е исполнет со пофалба кон неа пресветата Богородица. На нејзиното славно успение сè се радува. Се радува видливиот, се радува и невидливиот свет. Се радува разумното, се радува и неразумното.Должни сме секогаш да паметиме дека, за застапничка и молитвеничка, пред нашиот Творец и Спасител, ја имаме Пресветата Богородица.