Вечерна богослужба во храмот св. Злата Мегленска - Загреб
20.05.2023 Вечерна богослужба во храмот св. Злата Мегленска - Загреб ,предводена од Неговото блаженство Архиепископот охридски и макдонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитите Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и парохискиот свештеник во Република Хрватска протојереј-ставрофор Кирко Велински, протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски,Игумен Гаврил Игумен Агатон,ереј Дејан Белчовски.По вечерната богослужба се доделија одликувања на хрватскиот државен и црковен врв во знак на благодарност за допринесите кон македонската заедница во Загреб и помошта во изградабата на црквата.На вечерната богослужба присуствуваше и премиерот на Р.Хрватска г.Андреј Пленковиќ,и директорот на македонската комисија за верски прашана (КОВРЗГ) г.Даријан Сотировски.Повеќе на сајтот на Европската епархија.