Вечерна богослужба во соборниот храм ,,Св.Климент Охридски"
На ден 07. 12. 2022 година по повод црковно-државниот празник и патрон на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски во Соборниот храм ,,Св.Климент Охридски" во Скопје се отслужи Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион. По богослужбата во Музејот на македонската борба во организација на МПЦ-ОА и Комисијата за верски прашања се одржа Свечена академија на која присуствуваа: Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, Директорот на КОВРЗГ г. Даријан Сотировски,минстерот за внатрешни работи г.Оливер Спасовски,Ректорот на УКИМ, Претседателот на МАНУ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Хераклејски г.Климент.