Вечерна со Василиева литургија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар

На 25.04.2019 година, на Велики Четврток, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше вечерна со Василиева литургија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. По литургијата беше извршена Света Тајна Елеосвештение (маслосвет).