Во Господа се упокои протоереј-ставрофор Боге Богојески

Во Господа се упокои протоереј-ставрофор Боге Богојески

(1962-2020)

 Во блажено успение, подај му Господи вечен покој на твојот раб отец Боге и направи споменот да му биде вечен!

    Денес, на 26. 11. 2020 година, на празникот посветен на светиот Јован Златоуст, во својата 58-ма година по кратко боледување се упокои во Господа протоереј-ставрофорот Боге Богојески.
                  Новопрестставениот наш отец Боге како Архиерејски намесник на Гостиварското архиерејско намесништво и како старешина на Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар ревносно си ги извршуваше зададените служби и до крајот на својот живот чесно Му служеше на Бога, на МПЦ-ОА и на верниот народ. 
Од име на Тетовско-гостиварската православна епархија, од име на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и од собраќата свештенослужители изразуваме длабоко сочуство за загубата до неговото семејство.
    Нека Господ му подари Царство небесно и вечен покој!