Во посета на Тетовско-гостиварската епархија

На 28.02.2019 година Тетовско-гостиварската епархија ја посетија директорот на Комисијата за односи со верските заедници г. Даријан Сотировски и пасторите на Евангелска црква г -та .Живко Барбутов и Филип Иванов како и г. Илија Таневски од Христијански центар и остварија средба со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пасторите на 18ти март заминуваат во Уганда каде ќе имаат проповедничка мисија, а притоа го запознаа Митрополитот за нивните досегашни искуства и идни планови. 

Митрополитот Јосиф ја истакна својата восхит на ова дело за  христијанско мисионерство и помош во Уганда. 

Директорот Сотировски ја истакна својата заложба за соработка на сите за општото добро кое секогаш обединува.