Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
На 27.09.2019 година, кога црквата го слави Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, согласно типикот по големото славословие го изнесе на поклонение Чесниот Крст и богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовско архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христово Тајни. По литургијата Митрополитот г. Јосиф ги благослови кумските лебови.