Зрелосниот испит на 56 генерација матуранти при МПБ ,,св.Климент Охридски"
На ден 30.05.2024 година започна зрелосниот испит на 56 генерација матуранти при Македонската Православна Богословијата ,,св.Климент Охридски". Матурскиот испит стартуваше со писмената работа, а во следните денови ќе се полага по стручните предмети:Догматика,Литургика,Црковно право,Историја на МПЦ и Христијанска историја,Свето писмо,Црковно пеење со Типик,Црковно словенски јазик.Овогодишен пратеник, претставник на Светиот Архиерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква по одлука бр.59/2024,е Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски, г.Јосиф кој во присуство на ректорот на МПБ митрополитот Повардарски г.Агатангел им посака на учениците успешен почеток на матурскиот зрелосен испит.Матурските испити започнаа на 30.05.2024 ,а завршуваат на 10.06.2024.