Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив (Матеј 18,20)
Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф
Соборот – сведоштво за жива црква
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,
Најнапред да Му се заблагодариме на нашиот Троичен Бог –
на Отецот и Синот и Светиот Дух, Кој што благоволи и нè
удостои во оваа значајна година за нашата Помесна православна црква, кога го славиме големиот и редок јубилеј: „
1000 години од постоењето на Охридската архиепископија (1018 – 2018)“
но и другиот и ништо помал од првиот: „
60 години од обновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква на Вториот македонски црковно-народен собор во Охрид
(1958-2018)“
–
да нè
собере нас Македонците од сите краишта на Европа, во нејзиното срце, овде во Лозана, на овој свештен собор по повод 17-то редовно Годишно собрание на Европската епархија, во чиј склоп веќе долги години функционира и Македонската православна црковна општина „
Собор на сите македонски светители“
, која е наш домаќин, а чии гости сме сите ние свештенството и верните, кои според Божјата промисла и вдахновение овие денови се најдовме на ова благопријатно место, место на ново собрание, нова средба, нови дружби и свети служби, преку кои сиве овие дни поминати заедно –
уште еднаш на дело ја потврдуваме, ја покажуваме и секако ја докажуваме нашата соборност, но и нашата вера Христова и животот на нашата Света Црква македонска во Европа.
Но, ова собрание не ја сведочи само нашата евхаристијска соборност, туку и нашата соборност како еден посебен народ, кој во историјата на своето постоење на многупати покажа дека може заедно да опстојува уште долги години и да векува, кој иако е расеан низ лицето на земјата –
тој сепак е како синапово зрно, кое иако е мало е доста силно, да ‘
рти, да никне и да стане голем народ, кој е како троскотната трева пиреј, според зборовите на нашиот познат книжевник Петре М. Андреевски: „
Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“
. Токму тоа, токму нашата неколебливост како народ, мили мои, ја сведочиме на ова место, во оваа јубилејна година, во ова време, кое многу генерации пред нас го посакуваа да го доживеат, време во кое, повторно се радуваме и на Бога –
бескрвна жртва Му вознесуваме, во своја Помесна православна црква, во нашата МПЦ како наследничка на возобновената Охридска архиепископија, која годинава го слави своето милениумско постоење, во кое сите ние и сите Вие –
преку нашите заложби во своите епархии, намесништва и црковни општини посебно –
вложивме заеднички влог и влеговме заедно во нејзината историјата, која ретко кој народ и црква може да ја доживее, а поретко која генерација. Ете ние сме најсреќната, но како што во аманет ни остави, еден од нашите поглавари, блаженоупокоениот архиепископ Охридски и Македонски г. г. Михаил: „
ние имаме и најголема одговорност –
ние треба јасно да покажеме дека сме зрел народ, кој ќе даде плодови не само за Македонија, туку и за Европа и целиот свет“
. Оваа порака да ја следиме...
Почитувани,
Морам да кажам дека ми е особено драго, дека во овие радосни мигови потикнати од ова собрание –
можам заедно со сите Вас –
да ја споделам радоста на соборната љубов, радоста дека Павловото семе по Христовиот благослов сè
уште раѓа плодови во црквите македонски ширум цела Европа и дека благодарение на тие плодови оваа наша Европска епархија, која е неоткинлив дел од нашата Македонска православна црква –
Охридска архиепископија –
е жива епархија: со свој епископ, свое свештенство и свој верен народ, со мноштво на храмови, во кои сите заедно, свештенството и верниот народ собрани околу својот епископ –
исто како и во нашата Татковина –
секојдневно Му принесуваат благодарение на нашиот Севишен Бог.
Денес, она што сакам да го споделам со Вас е дека да се биде заедно не значи да сме само тука собрани – тоа значи постојано каде и да сме: да си веруваме едни со други, да се сакаме и едномислено да веруваме во Бога, исполнувајќи ги Неговите заповеди.
Но, не само тоа, туку и да си помагаме едни со други, јаремот и бремето едни на други да го носиме, да престојуваме во храмовите во неразрушлива љубов –
по која ќе нè
познаат дека сме Христови ученици. Да се вложуваме со сопствениот труд колку што можеме повеќе во афирмација на својата заедница и црква.
Ваше Високопреосвештенство,
Пред целокупното собрание, јавно пред Вашите од Бога дарувани духовни чеда, сакам да ја искористам оваа ретка пригода, од лично мое име не само да Ви се заблагодарам за поканата и за дадената можност да сум со сите Вас и да сум дел од оваа нова историја која ја пишуваме, но и од име на целото собрание сакам да укажам и да ги нагласам придобивките, кои по Божјата неискажлива љубов ги доби Европската македонска православна заедница, со Вашето доаѓање, почитуван Претстојателе на овој собор, мој возљубен брате и колега на Господовата нива, Митрополите Пимен, чие Ваше доаѓање со еден збор можам да го наречам воскресенско доаѓање, а придобивките од тоа доаѓање на оваа Епархија –
воскресенски. Овие 12 години поминати во подвигот на служењето низ црквите, на својот народ и тоа служење во кое имате поминато и поминувате илјадници километри за да на секој еден иселеник му го доближите Христовиот збор за спасението –
не е мала работа. Но, Бог знае да го награди тој Ваш труд, а исто така и луѓето кои Ви ги даде Бог, со чија што помош заеднички ја градите иднината на Европската епархија. Навистина беше мудра одлуката на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во личноста на отец Пимен –
да го добиете својот надлежен архиереј. Со неговото доаѓање како кокичиња никнаа првите камен темелници за нови цркви, некои храмови веќе се изградија, па ја красат епархијата, други се во изградба, се обновија старите, па се ставаат и нови темелници до ден-денес, дојдоа нови свештеници, се формираа нови парохии и заедници по примерот на ранохристијанските заедници и цркви низ Македонија формирани од апостолот Павле.
Ценети соборјани,
Дозволете од мое лично име –
да Ви се заблагодарам што со Вашето ценето присуство ја покажавте на дело љубовта кон напредокот на нашата црква и на нашата татковина. Сите Вие овие денови, а верувам и изминатите, работевте за доброто на својот народ, за својата црква во чие храмово лоно се вградивте како живи камења со Вашиот труд и дело. Со овие зборови сакам да го нагласам следниот факт: Црквата сте Вие почитувани верници и додека Вие сте во храмовите и имате вера –
таа ќе постои, но и ќе сведочи за постоењето на еден народ. Исто така голема благодарност и до МПЦО „
Собор на сите македонски светители“
, кои со своето гостољубие –
нè
потсетија на гостољубието на македонските цркви нагласено од апостолот Павле пред останатите цркви.
Возљубени,
На самиот крај, сакам да го кажам ова: ние денес заради Вас – сме тука, и сите заедно не треба да заборавиме зошто сме тука... Т