3 години од блаженото упокојување на поранешниот Митрополит Европски Горазд

На 26.12.2023 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Заупокоена Архијерејска Литургија, по пововод 3 години од блаженото упокојување на поранешниот Митрополит Европски Горазд. На Литургијата, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.