Упокоение на св. Кирил Солунски

На 27.02.2016 година, Упокоение на св. Кирил Солунски, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Гостиварското намесништво при Тетовско-гостиварската епархија протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Трпе Богојески и парохискиот свештеник од Љубљана ереј Митко Газинкоски богослужеа Света Златоустова литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ - Љубљана. На литиргијата Митрополитот Европски г. Пимен благоизволи да ги ракопроизведе во чин штец Лјупчо Тошески и Миланчо Најденоски. На литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот ден попладнето беше одслужена Воскресна вечерна богослужба во храмот „Св. Троица“ – Крањ.