Недела 3 - та по Педесетница

На 17.06.2018 година, Недела 3 - та по Педесетница  св. Митрофан Цариградски,  Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.