50 години ТЕХО-меѓународен хорски фестивал

24.06.2023 Митроплитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф присуствуваше во центарот за култура ,,Иљо Антевски Смок"-Тетово по повод јубилеот 50 години ТЕХО-меѓународен хорски фестивал (1973-2023).Тетовските хорски одзиви се манифестација со голема традиција, која го вбројува Тетово во градовите со висока музичка култура и место каде веќе половина век се афирмира и поттикнува хорската музика и се исполнуваат голем број нови хорски песни кои имаат значајно место во неговото творештво.Главна одлика на фестивалот, кој е дел од мрежата на европски фестивали, е што годинава е посветен на 120 годишнината од Илинденското востание.