Cедница на Архиепископскиот управен одбор
Денес, на 20.5.2025 година, во Македонската архиепископија се одржа редовната годишна седница на Архиепископскиот управен одбор. Со седницата претседаваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со избраните членови од САС Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и претставници од сите епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од територијата на Македонија, како и на образовните институции на нашата Света Црква.