Cредба со г. Зоран Љутков - министер за култура во владата на Р. Македонија
12.03.2025 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир оствари средба со г.Зоран Љутков-министер за култура во владата на Р. Македонија. Митрополитот г. Јосиф и министерот г. Зоран Љутков извршија увид на започнатите градежни активности кои ги реализира Kонзерваторски центар на Стариот конак, кој е заштитен со закон и на црквата Успение на Пресвета Богородица од 14 век, која има историски значаен фрескоживопис, на кој се уште се работи на конзерваторски и истражувачки работи.Во оваа прилика митрополитот г. Јосиф заблагодари на министерот на грижата за ова значајно светилиште за Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА.