Cредба со Неговата сесветост патријархот Вартоломеј

На 09.06.2023, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и на Светиот Архијерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ -ОА), Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф придружуван, од јеромонахот Атанасиј Арсоски од Скопската православна епархија, оствари средба со Неговата сесветост патријархот Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија - Фанар, Р.Турција, по повод неговиот именден. Митрополитот г.Јосиф, во име на САС на МПЦ-ОА, му го честита именденот на патријархот и му подари икона со ликот на Господ Исус Христос, изработена од вредните раце на монашкото братство од манастирот "Свето Преобажение" - Зрзе.