Интронизација на новоизбраниот Архиепископ на Тиранa

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, денес, на 29.3.2025 година, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископoт Стобиски г. Јаков присуствуваа на Востоличувањето на новоизбраниот Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија г.г. Јован.
Епископот Јаков со поздравно слово му ги честиташе изборот и востоличувањето на Неговото Блаженство г.г. Јован, пренесувајќи му ги поздравите од Архиепископот г.г Стефан и од членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.
На Востоличувањето присуствуваа архијереји и од сите останати сестрински Православни Цркви.