МАТУРИРАШЕ 57-МАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАТУРАНТИ ПРИ МПБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ
Денес, на 13.6.2025 година, беа доделени дипломите на 57-мата генерација богослови при Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – с. Драчево, Скопје.
На свечената прослава, којшто се одржа во просториите на Богословијата, беа присутни: Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) – новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски, којшто, воедно, беше и пратеник од Синодот на МПЦ – ОА на овогодишните матурски испити.
На доделувањето на дипломите присуствуваа и севкупниот наставнички колегиум на Богословијата, како и свештеници и монаси – поранешни ученици и почитувачи на просветната дејност на овој духовен расадник.
превземено од :https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/maturirase-57-mata-generacija-pri-mpv/