Недела 2 - ра по Педесетница

На 30.06.2019 година, Недела 2 - ра по Педесетница, Св. мч-ци Мануил, Савел и Исмаил, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовското-архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.